Материјал за блог

Прашања:
1. Дали блог е исто што и веб страница?
2. Од кои зборови е изведено името„ блог“?
3. Што е блог?
4. Кој може да биде креатор на блог?
5. Зошто се блоговите популарни на Интернет?
6. Какви видови блогови има според бројот на креаторите на содржини?
7. Какви содржини може да се користат при креирање на изгледот на
блогот?
8. Дали пребарувачите како Google и Yahoo! Може да се користат за
пронаоѓање адреса на блог на одредена тема? А дали постојат специјални машини за пребарување на блогови?
9. Кои се популарни веб страници кои овозможуваат бесплатно креирање
на блогови на Интернет?
10. Што треба да избере корисникот при првото креирање на својот блог?
11. Што е хостирање а што публикување на блог?
12. Како Интернет корисниците ќе дознаат за новокреиран блог?
13. Дали креаторот на блогот може да оневозможи оставање коментари на неговите содржини?
14. Дали креаторот на блогот може да брише коментари од одредени
посетители на блогот?

Материјал за учење
Веб дневник или блог може да се опише како нечиј личен дневен весник или дневник достапен за читање и разгледување на Интернет. Името блог е кратенка од Web log. Блог не е исто што и веб сајт иако имаат некои слични елементи. Содржината на блогот сопствениците најчесто ја менуваат секојдневно а може да биде од најразлични теми кои се од интерес на сопственикот: забава, уметност, музика, вести, политика, наука, техника итн. Сопственик на веб дневник може да биде секој кој сака да ги сподели преку Интернет со другите своите лични искуства, размислувања, хоби, случувања и сл. Блоговите се креираат и од аматери, но и од професионалци за објавување до јавноста различни вести и соопштенија. Корисниците на блогот може да ја користат содржината на блогот и да оставаат свои коментари за истата. Најголемиот број од блоговите се креирани од индивидуални личности но постојат и групни блогови кои ги креираат групно повеќе луѓе кои се во некаков меѓусебен однос. Групните блогови се добар начин за комуницирање и размена на вести и информации меѓу членовите од едно семејство, пријатели, клубови, екипи, тимови или ученици од едно одделение или училиште и сл. Кај групните блогови сите членови на блогот може да пишуваат во блогот свои текстови и коментари на одредена заедничка тема. Денес на Интернет „живеат“ милиони блогови на најразлични теми. Тие се организирани во таканаречени Блог директориуми. Блог директориумите овозможуваат пребарување на блоговите според конкретна тема на интерес или категорија. Популарен сајт за пребарување на блогови е: www.blogsearchengine.com. За наоѓање на потребниот блог може да ги користите и пребарувачите Google или Yahoo. На пример, ако сакате да пронајдете блог за спорт, во полето за пребарување (search) ќе внесете „sport blog“. По ова ќе добиете листа со блог адреси на тема спорт. Блоговите на Интеренет се многу популарни. Една од причините е едноставниот начин за нивно креирање и одржување. Креирањето на блогот обично се состои од неколку чекори. Најчесто она што треба да се направи за да се креира блог е да се пополни он- лајн формулар со неколку едноставни прашања за:
• e-mail адреса,
• лозинка,
• име на блогот,
• тема на блогот и сл.
По ова веќе може да се напише првиот текст, да се публикува и веднаш новиот блог и содржините во него ќе „заживеат“ на Интернет. На Интеренет има голем број на блог хостови – компјутери сервери кои преку свои веб сајтови нудат помош за креирање на блогот и негово сместување за достапност на Интернет. Популарни веб сајтови кои овозможуваат бесплатно креирање и поставување на блогови се:
www.wordpress.com,
www.blogger.com,
www.blog.com.mk и др.
Публикувањето се прави по креирањето и хостирањето на веб дневникот. Тоа значи останатите да дознаат за него, да ја знаат неговата адреса и да го читаат и оставаат коментари. Најчесто самиот сопственик на блогот треба да им каже за блогот на своите пријатели и колеги. При праќање на е-mail на крајот од пораката може да се постави линк до блогот. Може да се направи договор со останати блогери за заемно ставање линкови кон блоговите итн. Посетителите на блоговите може да ја коментираат содржината на блогот. Овие коментари се прикажуваат во самиот блог и секој посетител на блогот може да ги прочита. Сопственикот на блогот може да го овозможи или оневозможи внесувањето коментари на неговите написи.

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Домашна работа

Форматирај го дадениот текст според барањата:

•  Пред насловот остави простор од 6, а по насловот од 12 точки.
 • Првиот пасус порамни го во центар, а вториот и третиот и од лево и од десно.
 • По секој пасус остави простор од 6 точки.
 • Во текстот „Роденденот на Јана“, вториот пасус уреди го со проред 1,5 линија.
 • Постави проред од две линии на редовите во третиот пасус
 • Во текстот „Роденденот на Јана“ вториот пасус вовлечи го одлево за околу 2 см.
 • Вовлечи го првиот ред во вториот пасус за 1,5 см, а во третиот пасус испакни го првиот ред за 2 см.

Чек листа која ќе ја пополни наставникот за секој ученик:
Активност                                                 да                     не             делумно
1. Уредува простор пред параграф
2. Уредува простор по параграф
3. Уредува проред
4. Вовлекува параграф во лево
5. Вовлекува параграф во десно
6. Вовлекува почеток на ред
7. Испакнува почеток на ред
8. Порамнува текст

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Самооценување

1.    Што научи ново во темата “Веб дневник“?

2.    Колку упатствата за работа, дадени од страна на наставникот, беа јасни и разбирливи?

3.    Што ти беше интересно при обработка на темата?

4.    Што ти беше најлесно при обработувањето на темата „Веб дневник“?

5.    Што ти беше најтешко при обработувањето на темата „Веб дневник“?

6.    Какви измени би направил/а за да обработувањето на темата „Веб дневник“ биде поинтересно?

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS