Последна група прашања

1. Дали можеме да уредуваме параграф ако курсорот е поставен било каде во параграфот? 2. Ако е потребно на повеќе парагрфи да им се постави исто уредување што треба претходно да се направи со параграфите? 3. Дали ширината на колоните и растојанието меѓу нив мора да биде еднаква при пишување во колони? 4. Дали по поставување на текст во неколку колони бројот на колони подоцна може да се промени? 5. Под кое име е познато пишувањето во колони? 6. Кои зборови во долу наведениот текст ќе ги пронајде алатката за автоматско пребарување ако во полето за текст кој се бара е внесен зборот „еми“? „Еми купи автомобил. Емилија премина преку улица. Емисијата заврши! Јас се спремив а Еми се уште не е спремна!“ 7. Каква може да биде ориентацијата на страница? (портрет и пејсаж) 8. Што се маргини на страница и колку маргини може да има на една страница? 9. Дали сите маргини на страница треба да бидат исти по големина? 10. Дали за различни страници во ист документ може да се постават различни големини на маргини? 11. Ако текстуален документ треба да биде на 2 страни напишан со содржина, фонт и големина кои не треба да се менуваат, а еден ред од текстот преминува на трета страна тогаш документот да биде на 2 страни може да се постигне со: • намалување на горната маргина, • намалување на било која од маргините, • намалување на проредот во некој од параграфите, • било која активност погоре набројана. 12. Треба да се знае и прозорецот за печатење. (избор на печатач, опции за печатење) И КОНЕЧНО КРАЈ НА ПРАШАЊАТА

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

2 дел - Хиперврски (материјал) и прашања

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

ОДЛОЖУВАЊЕ ЗА 7-3

Поради учество на натпревар, тестот закажан за 10.12 (понеделник) за 7-3 одд. се одложува за следната недела (17.12). На часот ќе работиме нова лекција. Ова одложување важи само за 7-3!!! Прашањата ќе бидат објавени во понеделник.

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Материјал за блог

Прашања:
1. Дали блог е исто што и веб страница?
2. Од кои зборови е изведено името„ блог“?
3. Што е блог?
4. Кој може да биде креатор на блог?
5. Зошто се блоговите популарни на Интернет?
6. Какви видови блогови има според бројот на креаторите на содржини?
7. Какви содржини може да се користат при креирање на изгледот на
блогот?
8. Дали пребарувачите како Google и Yahoo! Може да се користат за
пронаоѓање адреса на блог на одредена тема? А дали постојат специјални машини за пребарување на блогови?
9. Кои се популарни веб страници кои овозможуваат бесплатно креирање
на блогови на Интернет?
10. Што треба да избере корисникот при првото креирање на својот блог?
11. Што е хостирање а што публикување на блог?
12. Како Интернет корисниците ќе дознаат за новокреиран блог?
13. Дали креаторот на блогот може да оневозможи оставање коментари на неговите содржини?
14. Дали креаторот на блогот може да брише коментари од одредени
посетители на блогот?

Материјал за учење
Веб дневник или блог може да се опише како нечиј личен дневен весник или дневник достапен за читање и разгледување на Интернет. Името блог е кратенка од Web log. Блог не е исто што и веб сајт иако имаат некои слични елементи. Содржината на блогот сопствениците најчесто ја менуваат секојдневно а може да биде од најразлични теми кои се од интерес на сопственикот: забава, уметност, музика, вести, политика, наука, техника итн. Сопственик на веб дневник може да биде секој кој сака да ги сподели преку Интернет со другите своите лични искуства, размислувања, хоби, случувања и сл. Блоговите се креираат и од аматери, но и од професионалци за објавување до јавноста различни вести и соопштенија. Корисниците на блогот може да ја користат содржината на блогот и да оставаат свои коментари за истата. Најголемиот број од блоговите се креирани од индивидуални личности но постојат и групни блогови кои ги креираат групно повеќе луѓе кои се во некаков меѓусебен однос. Групните блогови се добар начин за комуницирање и размена на вести и информации меѓу членовите од едно семејство, пријатели, клубови, екипи, тимови или ученици од едно одделение или училиште и сл. Кај групните блогови сите членови на блогот може да пишуваат во блогот свои текстови и коментари на одредена заедничка тема. Денес на Интернет „живеат“ милиони блогови на најразлични теми. Тие се организирани во таканаречени Блог директориуми. Блог директориумите овозможуваат пребарување на блоговите според конкретна тема на интерес или категорија. Популарен сајт за пребарување на блогови е: www.blogsearchengine.com. За наоѓање на потребниот блог може да ги користите и пребарувачите Google или Yahoo. На пример, ако сакате да пронајдете блог за спорт, во полето за пребарување (search) ќе внесете „sport blog“. По ова ќе добиете листа со блог адреси на тема спорт. Блоговите на Интеренет се многу популарни. Една од причините е едноставниот начин за нивно креирање и одржување. Креирањето на блогот обично се состои од неколку чекори. Најчесто она што треба да се направи за да се креира блог е да се пополни он- лајн формулар со неколку едноставни прашања за:
• e-mail адреса,
• лозинка,
• име на блогот,
• тема на блогот и сл.
По ова веќе може да се напише првиот текст, да се публикува и веднаш новиот блог и содржините во него ќе „заживеат“ на Интернет. На Интеренет има голем број на блог хостови – компјутери сервери кои преку свои веб сајтови нудат помош за креирање на блогот и негово сместување за достапност на Интернет. Популарни веб сајтови кои овозможуваат бесплатно креирање и поставување на блогови се:
www.wordpress.com,
www.blogger.com,
www.blog.com.mk и др.
Публикувањето се прави по креирањето и хостирањето на веб дневникот. Тоа значи останатите да дознаат за него, да ја знаат неговата адреса и да го читаат и оставаат коментари. Најчесто самиот сопственик на блогот треба да им каже за блогот на своите пријатели и колеги. При праќање на е-mail на крајот од пораката може да се постави линк до блогот. Може да се направи договор со останати блогери за заемно ставање линкови кон блоговите итн. Посетителите на блоговите може да ја коментираат содржината на блогот. Овие коментари се прикажуваат во самиот блог и секој посетител на блогот може да ги прочита. Сопственикот на блогот може да го овозможи или оневозможи внесувањето коментари на неговите написи.

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Домашна работа

Форматирај го дадениот текст според барањата:

•  Пред насловот остави простор од 6, а по насловот од 12 точки.
 • Првиот пасус порамни го во центар, а вториот и третиот и од лево и од десно.
 • По секој пасус остави простор од 6 точки.
 • Во текстот „Роденденот на Јана“, вториот пасус уреди го со проред 1,5 линија.
 • Постави проред од две линии на редовите во третиот пасус
 • Во текстот „Роденденот на Јана“ вториот пасус вовлечи го одлево за околу 2 см.
 • Вовлечи го првиот ред во вториот пасус за 1,5 см, а во третиот пасус испакни го првиот ред за 2 см.

Чек листа која ќе ја пополни наставникот за секој ученик:
Активност                                                 да                     не             делумно
1. Уредува простор пред параграф
2. Уредува простор по параграф
3. Уредува проред
4. Вовлекува параграф во лево
5. Вовлекува параграф во десно
6. Вовлекува почеток на ред
7. Испакнува почеток на ред
8. Порамнува текст

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Самооценување

1.    Што научи ново во темата “Веб дневник“?

2.    Колку упатствата за работа, дадени од страна на наставникот, беа јасни и разбирливи?

3.    Што ти беше интересно при обработка на темата?

4.    Што ти беше најлесно при обработувањето на темата „Веб дневник“?

5.    Што ти беше најтешко при обработувањето на темата „Веб дневник“?

6.    Какви измени би направил/а за да обработувањето на темата „Веб дневник“ биде поинтересно?

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Оценување на есејот за блог


  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Блогови


  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Драги ученици!
Овој блог е креиран за потребите на наставата по информатика за 7 одделение. Тука можете да ги најдете сите предавања, вежби, видео записи, .. всушност се што користиме на нашиот час. Прашувајте, коментирајте.....

Ви посакувам успешна учебна година!
И.Иванова

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS

Домашна задача

Креирајте реклама или видео приказна во програма за мултимедијални презентации. Доколку се решите за реклама таа треба да биде составена само од 1 слајд! Не заборавете дека треба да имате вметнато и аудио запис (музика). За да се избегнат проблемите врзани со аудио записот, најдобро е да ги ставите во една папка презентацијата и аудио записот и да ми ја испратите по мејл или да ја предадете на час. Оние ученици кои не можат да ја сработат задачата дома, можат истата да ја изработат и во терминот за дополнителна настава - во среда 7 час. Задачата да биде предадена најдоцна до 7 март.

Следната недела ќе го повторуваме материјалот и потоа правиме тест - 6а на 12.03, 6б,в на 14.03.

Како всушност треба да изгледа крајниот продукт следува во продолжение.

Примери од ученици (претходни години):

  • Digg
  • Del.icio.us
  • StumbleUpon
  • Reddit
  • RSS